– “Многу пати имам нагласено дека е прашање на кредибилитетот на Европската унија да одговори на сите овие важни чекори преземени од Северна Македонија. Бидејќи, каква порака испраќаме до сите земји кои сакаат да се интегрираат во ЕУ, спроведуваат многу тешки внатрешни реформи за да се прилагодат на европското законодавство, а од друга страна се обидуваат на најдобар можен начин да ги решат соседските прашања, како што направи Северна Македонија? Сепак, сметам дека фактот што дискусијата ќе започне од октомври е еден прв чекор. Можеби не е најидеалното што го очекувавме, но е позитивен чекор.”
Изјави, Јоргос Катругалос