Ќе се повлекува учебникот по општество за четврто одделение

Сподели

Министерката за образование Рената Дескоска денеска ќе го повлече учебникот за четврто одделение по предметот општество, каде децата треба да донесат фотографија од свадбата на нивните родители и да одговорат дали се венчани во црква, откако народниот правобранител утврди дека постои дискриминација врз основа на брачен и семеен статус и религија во областа на образованието, пренесе 24 Вести.

Комисијата донела  предлог за повлекување на учебникот, а се очекува министерката денеска да  го потпише решението за спорниот учебник.