На состанокот одржан денеска во просториите на КФСМ помеѓу клубовите од Прва лига-мажи и раководството на КФСМ беа изнесени предлози во врска со завршувањето на натпреварувачката сезона 2020-21, за регуларен дел, плеј оф, плеј аут како и за завршницата во Купот на РСМ.
На собирот на кој присуствуваа сите клубови од Првата лига-мажи, им беа понудени два предлога:
- Првиот предлог е, по завршување на регуларниот дел од првенството, односно по одигрување на 22 кола, да не се игра втората фаза од Првата лига-мажи, односно Супер лига и Плеј аут лига, и да се премине на третиот планиран дел, плеј офот.
- Доигрувањето би се реализирало со учество на осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството.
- Плеј аут, со учество на четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната.
- По овој предлог испаѓаат две екипи.
Натпреварите од доигрувањето, плеј-офот, односно плеј-аут лигата би се одвивале во т.н.„балони“, а сите трошоци за реализација на турнирите ќе ги покрива федерацијата.
Односно четири одвоени турнири, во кои во период од по седум дена, ќе се реализираат четвртфиналните, полуфиналните и финалната серија на плеј-офот.
Како и плеј-аут турнир по кој ќе бидат познати и двете екипи кои би се преселиле во понизок ранг на натпреварување – Втора лига.
„Балоните“ би се играле во периодот од 17. мај, заклучно до 7. јуни, кога би го имале новиот шампион за сезоната 2020/2021.
Финалниот турнир од националниот Куп да се одржи во периодот од 14. до 16.мај, односно веднаш по завршувањето на првиот дел од Првата лига-мажи.
- Вториот предлог е, лигата да заврши согласно предложениот систем и календар за натпреварување, што значи Супер лига и Плеј аут лига и Плеј оф.
- По овој предлог од лигата испаѓаат четири екипи.
Согласно со предвидениот план за одигрување, првенството ќе биде завршено во средината на јули.
Комесарот за натпреварување го изработи и комплетниот распоред за одигрување на заостанатите натпревари, потоа распоредот за одигрување плеј оф (четвртфинале, полуфинале и финале) и плеј аут натпреварите.
Распоредот за одигрување на натпреварите од националниот Куп кои им се доставени на клубовите кои е дел од Првата лига–мажи во сезоната 2020/2021.
извор:kfsm.mk
The post КФСМ: Две сценарија за доигрување на сезоната во првата македонска кошаркарска лига appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico