Кинотека на Македонија „РУСКА ЗИМА“: Месец на класичен и современ руски филм

Сподели

Кинотека на Македонија „РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

4 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч и 22:00ч.

АНА КАРЕНИНА: ПРИКАЗНАТА НА ВРОНСКИ

(Анна Каренина. История Вронского/Anna Karenina: Vronsky’s Story)

Игран филм, Русија

2017, 98 мин., колор, ДСП

Режија: Карен Шахназаров (Karen Shakhnazarov)

Сценарио: Карен Шахназаров , Јуриј Потенко (Karen Shakhnazarov, Yuriy Potenko)

Улоги: Елизавета Бојарскаја, Кирил Гребеншчиков, Владимир Илин (Elizaveta Boyarskaya, Kirill Grebenshchikov, Vladimir Ilin)

Манџурија во 1904 година за време на руско-јапонската војна. Руска воена болница на точките за повлекување во полууништено кинеско село. Шефот на болницата, Сергеј Каренин, дознава дека ранетиот офицер, грофот Вронски, е лицето кое ја уништило неговата мајка Ана Каренина. Без илузии дека ќе добие некакви одговори, Каренин доаѓа кај Вронски и му го поставува прашањето што го мачи целиот живот: што ја натерало неговата мајка да ја премине линијата, да направи прељуба и да изврши самоубиство?

По одредено двоумење, Вронски се согласува да ја раскаже приказната за неговата трагична љубов со Ана Каренина, забележувајќи дека луѓето се сеќаваат само на она што го избрале да се сетат. Вронски почнува да ја преиспитува приказната од пред триесет години и конечно сфаќа дека предолг период се наоѓа во минатото.