Почитувани претставници на медиумите,
Сакам на сите граѓани на Република Македонија да им се заблагодарам на мирниот, достоинствен и демократски избирачки ден.
Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам задоволство затоа што се гласаше слободно и без притисоци.
Очекуваме сите учесници на изборите, без разлика на резултатите, со своето однесување да придонесат да се задржи фер и демократската атмосфера и на крајот на избирачкиот процес.
Убеден сум дека резултатите ќе ја потврдат одлуката на граѓаните за сериозни промени во земјава кои водат кон живот во Македонија.
Вечерва победува Република Македонија и нејзините граѓани.