СДСМ во овој момент е во консултација и во разговор со сите политички субјекти, имаме отворена врата за соработка кон сите политички партии, дури и кон нашиот опонент. СДСМ во овој момент има стабилно парламентарно мнозинство, но ќе направиме се во иднина, се она што е во интерес на граѓаните да биде спроведено.
Медиуми: Господин Кирацовски дали очекувате во јануари да се врати ВМРО-ДПМНЕ во собраниската сала?
Ние сме убедени и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти старите практики на деструкција, практики на кочење на процесите, го знаеме примерот на формирање на десет пратенички групи и буквално сопирање на сите евидентни закони којшто беа за доброто на Република Македонија и на граѓаните. Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш после новата година ќе се врати во Собранието и заедно со парламентарното мнозинство ќе работат на сите позитивни законски прописи за доброто на граѓаните.
Медиуми: Рековте дека имате стабилно парламентарно мнозинство, меѓутоа во одредени ситуации недостасуваат гласови, можеби дали сте во договори со некоја политичка партија или член на некоја партија од опозицијата?
Како што кажав СДСМ во овој момент е отворен за сите политички субјекти и кон оние од власта и кон оние од опозицијата. Ние имаме како што реков стабилно парламентарно мнозинство.
Медиуми: Дали тоа значи дека пратеници од опозицијата би се приклучиле кон мнозинството, Амди Бајрам дури и самиот кажа дека може да коалицираа со ДУИ или СДСМ?
Ние оставаме слободно кон секој пратеник во Собранието на Република Македонија да се однесува онака како што сака и според сопственото политичко убедување. Ние сме демократска власт, ние не ги шиканираме и не ги присилуваме независно од која политичка провиниенција и партија доаѓаат, да гласаат во оној момент кога се гласа онака како што тие реално ценат и сметаат дека треба да гласаат. Во овој момент, СДСМ има слободно и стабилно парламентарно мнозинство, не заради СДСМ туку заради тоа што демократијата е развиена во Република Македонија и затоа што мнозинството од пратениците ценат дека интересот на граѓаните и државата е пред се.
Медиуми: Дали се уште важи понудата за вицепремиерско место за спроведување на реформи во Владата на Република Македонија?
Вицепремиерското место за спроведување на реформи беше понудено кон Алијансата на Албанците на господинот Зијадин Села, тие го отфрлија тоа место како соодветна позиција во владата има свој одговорности, свој делокруг на работа и е евидентно потребно, дали ќе се пополни во иднина, ќе видиме.