Кливленд го уништи Торонто со 21 разлика за 9-0 во плејофот за сабјите!

Сподели

Кливленд во плејофот нема пораз, претходните две серии против Детроит и Атланта ги доби со максимални 4-0.

lebron dunk

На овој прашањето на победникот го реши до полувремето кога стекна предност од 23 поени. Од поле погодија 67% од обидите кон кошот на противникот.

Леброн Џејмс заврши со 24 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека најефикасен беше Кајри Ирвинг со 27 поени.

Кај Торонто најпрецизен беше Демар Дерозан со 18 поени, а потфрли Кајл Лаури кој постигна само 8 поени.

Вториот меч ќе се игра утревечер, а домаќин повторно ќе биде Кливленд.

lebron dunk1

Вечерва пак се игра натпреварот број 2 од западното финале каде во Оукленд, Голден Стејт го пречекува тимот на Оклахома Сити кои имаат водство од 1-0 во победи.

The post Кливленд го уништи Торонто со 21 разлика за 9-0 во плејофот за сабјите! appeared first on Спорти.


Source: Sporty