Драги читатели,
изгледа зимата штотуку настапува и ќе си потрае, што значи, ќе имаме многу време за читање. Затоа решивме од 12 до 17 февруари да Ви овозможиме да дојдете до 10 фантастични наслови по цена од само 100 денари.
Меѓу нив: Нобеловката Елфриде Јелинек со контроверзниот роман „Алчност“; уште поконтроверзниот Борис Вијан со „Ќе ви плукам на гробовите“; што да кажеме за Ирвин Велш со „Ѓубре“? :-); тука е и омилениот Бернхард Шлинк со анархистичниот „Викенд“, но и прекрасната Зејди Смит со „Собирач на автограми“; од средините со помалку преводи кај нас, Ви ги претставуваме унгарските книжевни перјаници Ноеми Сечи со „Комунистот Монте Кристо“ и Шандро Жигмонд Пап со „Ништожни мали животи“, ценетата полска авторка Олга Токарчук со „Талкачи“, наградуваната германска авторка Јулија Франк со „Растроена жена“, како и шведскиот писател Пер Улов Енквист со „Посетата на дворскиот лекар“, вивисекција на еден мал крал кој сакал да стане голем.
Направете добар избор, ова навистина не смеете да го пропуштите! Се гледаме во ИЛИ-ИЛИ во текот на следните денови .