Коалицијата за промени и правда бара преговорите да се одвиваат пред камери

Сподели

koalicija

Коалицијата за промени и правда смета дека во процесот на преговори мора да се вклучат и другите релевантни политички партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите и дека разговорите мораат да бидат транспарентни и пред камери

„Предлагаме да се формира реформска (експертска) влада која ќе има обврска да спроведе коренити реформи и создаде услови за рамноправен политички натпревар и одржување на фер, демократски и кредибилни избори. Затоа бараме рекомпонирање на Републичкиот судски совет и разрешување на судиите кои учествуваа во монтирани судски процеси, формирање на посебно судско одделение во Кривичниот суд во Скопје, како и целосно реформирање и деполитизација на безбедносните служби. Бараме оставка на судиите од Уставниот суд кои учествува во промените на Законот за помилување врз основа на кои Ѓорге Иванов ја донесе одлуката за аболиција и разрешување на обвинителите кои се под директно влијание на власта и кои подигнуваат обвиненија по налог на партијата на власт, а без докази“, велат од Коалицијата.

Од Коалицијата за промени бараат Македонија да биде една изборна единица, избирачкиот список да се прочисти од фантомски гласачи, а доколку тоа не е можно тогаш да се пристапи кон активна регистрација на гласачите.

Коалицијата за промени и правда бара преговорите да се одвиваат пред камери