Колку чинат и во кој извештај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги пријавиле луксузните лустери?

Сподели

Зад мене е луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболoт на криминалот и корупцијата на режимот, изграден во времето на најголемата сиромаштија во земјава.

Од овој луксузен дворец, деновиве се вадат луксузни, вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери?

Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка?

Да потсетиме, имтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации.

Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?

Еве шанса и за Гордана Сиљановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за лускзусните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува – изјави Костадин Костадинов .