По пријава на граѓани вчеравечер до МВР, дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштен објект, екипи на ЗОО Скопје заедно со директорот Кристијан Стаменов, полиција и инспектор на АХВ излегоа на терен и го спасија коњчето, кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода.
Доцна вечерта коњот беше пренесен и згрижен во Скопје ЗОО каде што веднаш му беше обезбедена ветеринарна грижа и соодветна нега.