Концерт „Чистина“ на Филхармонијата со перкусионистката Колева од Бугарија

Сподели

 

Оркестарот на Националната филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Чистина“ на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концертот за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков, кој ќе биде изведен премиерно, и Симфонијата бр. 2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен.

Концертот за маримба, вибрафон и тапан е напишан во 2015 година, а премиерно е изведен две години подоцна со Камерниот оркестар на Габрово. Премиерната изведба била со перкусионистот Мирослав Димов под диригентство на Табаков. На вечерашната македонска премиера на ова дело, првпат овој концерт ќе го свири холандската перкусионистка со бугарско потекло – Татиана Колева.