Лајка ги вдоми првите кучиња во Обединетото Кралство

Сподели

 

Кампањата Вдоми куче, вдоми љубов добива нова димензија.

По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство.
 
Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и огранизации нашата мисија стана реалност.
 
Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка денеска пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства.
 
Сакаме да се заблагодариме на сите вдомувачи, админи, поддржувачи, активисти, организации, фостери, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и професионалниот транспорт, информираат од ЈП Лајка.