Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на вчерашниот ден со вицепремиерот Љупчо Николовски, разговараа за измената на Законот за здравствена заштита.
Измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.
Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Ова е заклучокот на ГККШ, предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог утре ќе се најде на седница на Влада.