Македонски планинарски тим на покривот на Европа!

Сподели

planinari7-610x400

Во период од 4 до 16 јули во организација на Планинарскиот клуб Предејане од Република Србија беше оформена експедиција за искачување на Планината Кавказ во Руската федерација,со главна цел освојување на највисокиот врв на Европа Елбрус 5642. Водач на експедицијата беше Зоран Павловиќ-Паче броеше вкупно 17 планинари од кои шесторица беа од РМ и тоа Успрцов Зоран, Павловски Диме, Ајановски Ташко, Антов Тоше, Јакевски Златко и Србиновски Аце сите дел од различни планинарски клубови во РМ и страсни заљубеници на планините.

planinari8

После сеопфатните припреми за овој потфат, долгиот пат Скопје-Белград-Москва-Минералне Воде (Русија) и извршената аклиматизација за екстремните временски услови, првата база за македонско српскиот тим беше селото Терсол на надморска висина од 2100 метри. Во Терсол престојувале неколку дена за да после тоа се упатат на врвот Чегет на надморска висина од 3500 метри кој се наога во непосредна близина на самата граница помегу Русија и Грузија. Тоа за експедицијата преставуваше последен тест пред главните предизвици кои ги очекуваа. Следна контролна точка беше домот Карабаси на надморска висина од 3700 метри, за да веќе следниот ден се искачат на надморска висина од 4100 метри каде се наогаше планинарскиот дом Пријут. После извршената аклиматизација на таа висина се замина на местото викано Пастувски стени, на надморска висина од 4800 метри, кое воедно преставуваше и последна фаза кон остварување на конечната цел освојување на ЕЛБРУС. Како што не информираа планинарите, за да го освојат Елбрус чекале неколку дена од причина што временските услови биле екстремно лоши (дувало силен ветар, имало врнежи од снег и густа магла). Од страна на руските метеоролошки служби за тој реон добиле исцрпни информации за временските услови за деновите кои што следувале одржале состанок на целата група и донеле одлука нокта во вторникот према среда да започне финалниот поход кон елбрус! Анализите, планот и информацииите се покажале како вистински и точни и сето тоа заедно со нивната волја, подготвеност и сплотеност резултираше да во средата во 10:15 по руско време го освојат највисокиот врв во европа Елбрус 5642. За поголем дел од македонскиот тим ова претставува еден вид хет трик бидејќи успешно го имаат развиорено македонското знаме и на Мон Блан и врвот на алпите Монте роса.

planinari9planinari10