Дамјан Манчевски, пратеник и потпретседател на СДСМ
Почитувани,
Мора да одговараат нарачателите на насилството во Собранието.
Ќе одговараат и директните извршители, но уште поважно ќе одговараат и оние кои го нарачаа обидот за убиство во Собранието.
ОЈО, МВР и надлежните институции мора да водат јавна и транспарентна истрага со цел да се откријат големиот број на злосторници кои беа учесници во овие настани. Од снимките граѓаните масовно ги препознаваат извршителите на Груевскии, Мијалков, Чавков и Велјановски. Сите до еден им беа познати на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Сите до еден се дел од партиските структури на ВМРО ДПМНЕ. Директори на јавни претпријатија, раководители на сектори, вработени во МВР, вработени во јавни претпријатија и многу други коишто примаат плата од државата.
Но во Собранието беа пратени за да извршат обид за убиство и тешки криминалци и убијци. Станува збор за организирано сценарио на режимот во распад.
Ова е Димче Христоски – Жабата од Прилеп, поранешен припадник на „лавовите“, осуден за двојно убиство во јули 2005 на манифестацијата „Пиво фест“. Една од неговите жртви е и дете. Овој човек го повреди претседателот Зоран Заев.
На оваа фотографија јасно може да се види еден од напаѓачите на Радмила Шекеринска. Димитар Пецов од Струмица.
Овој на сликата со усташките симболи е Игор Југ, претседател на тн. МПЗ „Владо Георгиев Черноземски“ осуден за силување, убиство, дрога и физички напад.
Како што може да се види на снимките еден од оние кои непречено од полицијата ги насочуваат насилниците е и Никола Митревски Кољо, три пати осудуван на казна затвор и десна рака на Александар Василевски Нинџа. Двајцата познати насилници на ВМРО ДПМНЕ. Истиот учествуваа и во нападот над нашиот пратеник Мухамед Зекири.
Еден од првите којшто влезе во Собранието е Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков.
Овој насилник, лево на оваа фотографија е Аднан Мемед- шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам. Го има по балови со Сашо Мијалков.
Ова е Горан Ангелов од Велес, дел од таканаречените патриотски здруженија тесно поврзан со Илија Димовски.
Ова е Предраг Петрушевски Бинго, под контрола на Јохан Тарчуловски.
Во Собранието беше и Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, осомничен во случајот „Титаник“ на СЈО, за лажни лични карти.
Овој на сликата е Митко Михајловски- Џачката, вработен во МВР.
Ова е Андреј Илиев, потполковник во АРМ.
Ова е Мартин Стојановски, вработен во Агенција за потикнување на развојот на земјоделството.
Во прес салата беше и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Александар Атанасов. На денешните слики не го објавуваме, туку лично го поканувам тој самиот да ги објави снимките и селфито кое задоволно ги снимаше додека насилниците тепаа.
Има уште многу. И сите ќе ги објавиме еден по еден во јавноста.
Овие лица и граѓаните ги препознаваат, нивниот идентитет може лесно да се потврди. Тие се дел од учесниците во извршеното кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ по член 313 од Кривичниот законик и мора да понесат одговорност.
Најважно од `се е пред лицето на правдата да излезат и нарачателите Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков, кои се обидоа да предизвикаат меѓуграѓански, меѓуетнички судир, државен удар и да преизвикаат основа Иванов да прогласи воена состојба. Тоа беше нивното сценарио што го пресретнавме.
Покажавме разум и никогаш нема да им дозволиме да предизвикаат војна.
Низ легитимна процедура избравме претседател на Собранието, согласно Деловник, Устав и закони.
Сакам да им порачам на Груевски и остатокот на нарачателите да не помислат да ја блокираат работата на новоизбраниот претседател на Собранието. Тоа е тешко противуставно кривично дело, казниво по закон.
Укажуваме, институциите, вработените во нив, граѓаните – сите имаме должност да ја сфатиме својата одговорност во овие историски моменти за Македонија.
Република Македонија тргна напред и тоа е веќе незапирлив процес.
Одговори на новинарски прашања:
Медиуми: Г-дине Манчевски, кога очекувате да се свика Собранието и како ќе дејствувате процедурално имајќи во предвид дека од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека изборот е незаконски? Познавачи на Уставот, како што е и Стојан Андов рече дека тоа ќе доведе до уставна криза?
Манчевски: Прво, изборот на новозибраниот претседател на Собранието е апсолутно по Деловникот и Уставот. Тоа може многу лесно да се види и од снимките кадешто многу убаво се гледа дека 61 пратеник јасно, јавно без никакво криење гласаа за новоизбраниот претседател на Собранието. Во првиот момент кога ќе се создадат услови од различен аспект за да може да се собере Собранието и да продолжи работата тоа и ќе биде направено. Но исто така како што тоа го правевеме и до сега тоа сето ќе го направиме на начин со цел да спречиме жртви кај граѓаните. Очигледно покажавме дека нашите судбини не се важни, важни се граѓаните. Тие да не влезат во судири.
Медиуми: Господине Манчевски досегашната работа на полицијата и државното обвинителство реално не ветуваат многу. Има информација утрово, дека од полицијата кон Јавното обвинителство се испратени 15 кривични пријави за 15 лица меѓутоа за кривично дело „учество во толпа и спрчеување на службено лице во извршување на должност“. Е сега останува на обвинителството како ќе ги процесуира овие кривични пријави меѓутоа и дали ќе најде докази за да ги потврди овие пријави. Прашањето е, преку сите овие снимки бевме сведоци на многу потешки кривични дела, еве и вие ги оквалификувавте во денешнава шрес конеференција. Па еве како ќе ја коментирате работатат на државните институции до овој момент?
Манчевски: Она што го кажав и претходно, истрагата мора да биде јавна и транспарентна. Очекуваме навремени и официјални информации од страна на официјалните институции. И ОЈО и МВР и другите инволвирани институции. Сакаме да ги видиме нивните официјални резултати од истрагата и она што официјално ќе го соопштат. Дека лесно може да се утврди сечиј идентитет и многу тешки кривични дела тоа го покажуваат и овие но и многу други снимки коишто полека излегуваат во јавноста и ние ќе ги обелоденуваме.
Медиуми: Г-дине Манчевски дали овие докази ќе ги доставите до ОЈО, дали ОЈО во своите постапки покани некој од вас како оштетен или во некое друго својство во рамки на истрагата? На кој начин соработувате со обвинителството и дали планирате да соработувате доколку тоа не е остварено до сега?
Манчевски: Со оние информации со коишто располагам до сега е дека ниеден од нас не е повикан сеуште во обвинителството за било каков исказ. Ние покрај овие видео снимки собравме и опсежна медицинска документација, официјална од соодтвените надлежни медицински установи со коишто се потврдуваат повредите кои потешки, кои полесни коишто ги претрпеа голоем број од нашите пратеници. Сето ова комплет ќе биде доставено до ОЈО во текот на утрешниот ден или во вторник.
Медиуми: Планирате да помогнете во истрагата?
Манчевски: Апсолутно стоиме на располагање на сите институции и државни органи коишто искрено ќе имаат намера да го разрешат овој случај.