Сигурен сум дека Наполи може да биде подобар од Јувентус оваа сезона. Важно е да не се осети премногу отсуството на повредениот Аркадиус Милик, вели Марадона
РИМ (AA) – Диего Армандо Марадона (55), еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, изјави дека му порачал на својот колега Франческо Тоти, иконата на Рома, дека мора да игра до 50. година, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера, на хуманитарниот натпревар во Рим, Марадона и Тоти играа во ист тим, а легендарниот Аргентинец му намести гол на капитенот на Рома.
„Тоти е вистински феномен. Тој мора да игра до 50. година. Му реков: ‘Франческо, те молам да не го оставаш фудбалот, бидејќи ќе ми биде досадно до смртта’“, рече Марадона.
Кога е во прашање италијанската серија А, Марадона се надева дека неговиот некогашен клуб, Наполи, оваа сезона може да биде подобар од Јувентус и да ја освои шампионската титула.
Сигурен сум дека Наполи може да биде подобар од Јувентус оваа сезона. Важно е да не се почувствува отсуството на повредениот Аркадјуш Милик. Маноло Габиадини со сета своја самодоверба ќе ја преземе неговата улога на теренот, и Наполи на крајот може да слави“, ги пренесуваат италијанските медиуми зборовите на Марадона.
По седум одиграни кола во серија А, Наполи освои 14 бода и го заз