Познатиот аргентински фудбалски ас Диего Марадона, официјално е претставен како нов тренер на Ал Фуџејра, кој се натпреварува во втората лига на Обединетите Арапски Емирати, јавува Anadolu Agency (AA).
Марадона на денешната прес-конференција потврди дека потпишал едногодишен договор со челниците на Фуџејра, и дека ќе се обиде клубот од Првата дивизија да го однесе во елитатанао Премиер лигата на Емиратите.
Некогаш познати стрелец на Барселона, Наполи и на Бока Јуниорс, Марадона, во тренерската кариера ја предводеше репрезентацијата на Аргентина, а последната работа како тренер ја имаше во 2011 година, токму во Обединетите Арапски Емирати, кога ја предводеше екипата на Ал Васл.