„Меѓу стремежите и реалноста“ – конференција посветена на граѓанското општество

Сподели

 

Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, посветена на граѓанското општество е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ.

Настанот ќе се одржи на 29 ноември во Музејот на Град Скопје со почеток во 13 часот, на кој, како почесен говорник, ќе се обрати и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Кои беа и кои се клучните предизвици? Како до повидлив и повлијателен граѓански сектор и подобри резултати во иднина? Ова се дел од темите на кои ќе говорат ветераните во граѓанскиот сектор и најистакнатите соработници на ЦИВИЛ во изминатите 20 години.

Говорнички и говорници на настанот се Афердита Хаџијаха од ИФЕС, Фани Каранфилова Пановска од ФОСМ, Мерита Максути од Еко Герила, Савка Тодоровска од СОЖМ, Александар Кржаловски од МЦМС, Ибрахим Мехмети од Швајцарска Амбасада/СДЦ, Мирјана Најчевска, универзитетска професорка, Алберт Муслиу од АДИ, Ленче Здравкин од Куќа на надежта, Сашо Орданоски, универзитетиски професор, Мерсиха Смаиловиќ од Легис, како и Дехран Муратов и Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Настанот ќе започне со воведното обраќање на Петрит Сарачини, директор на Фестивалот на слободата 2019.

Настанот е отворен за јавноста.