Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата – „Сиромашните се луѓе, не статистика!“

Сподели

 

Под мотото „Сиромашните се луѓе, не статистика!“ и #ПовеќеОдБројка, македонската платформа против сиромаштија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата. 

“111 737 лица биле корисници на социјална парична помош во 2016 година. 22.2 % изнесува стапката на сиромашни лица во 2017 година. 2.3 % од врботените лица земале плата до 12000 денари во 2018 година. Овие бројки не се само статистика. Тие се животни судбини и во нив се наоѓаат нашите другари, соседи, пријатели, роднини” – велат од Македонската платформа против сиромаштија.

Ќе се одржи конференција на сиромашни и социјално исклучени лица, на која преку организирање на работни групи составени од лица со искуство во сиромаштија ќе се сумираат искуствата од почетокот на социјалната реформа и давање препораки за тоа што да се има предвид, да се промени или да се унапреди, во и по 2020 година, се наведува во соопштението.