Мерката за ослободување од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во јуни и јули, одлучи Владата на вчерашната седница.
Владата ја продолжи мерката за поддршка на компаниите што претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули.
Исто така, на седницата што се одржа вчера се донесени измени на уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со што се продолжи мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули.