Месец на детски филмови во Центарот за култура во Кичево

Сподели

 

По повод Месецот на детските филмови, од 14 до 28 октомври во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево секоја сабота ќе се прикажуваат европски детски филмови.

Настанот, кој е во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“, ќе започне в сабота со почеток од 14:00 часот со проекција на детскиот јапонски филм „Мираи“, во режија на Маморо Хосода, со превод на македонски јазик. Филмот „Патешествието на принцот“ ќе има две проекции, и тоа од 16:00 часот со превод на албански, а од 18:00 часот со превод на македонски јазик.

Во рамките на програмата ќе бидат прикажани вкупно шест детски филма кои се наменети за деца над 8 години.