Милошоски да си поднесе оставка од функцијата пратеник откако се докажа дека шири лажни вести

Сподели

 

Најнеуспешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски лажеше додека беше на власт, а лаже и денес како пратеник од опозицијата, на штета на сопствената држава.

Не успеаја лагите на Антонијо Милошоски во кои тврдеше дека дури 7 земји членки се против нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ. Таквите лаги и официјално се демантирани.

Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси и интересите на граѓаните.

Откако се докажа дека свесно лаже, Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно кажа и манипулираат. Милошоски не е достоен да ја врши функцијата пратеник – се наведува во соопштението на СДСМ.