Минчев: Овој свет ден нека донесе топлина во Вашите домови

Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка по повод празникот Божиќ.

“Во духот на празничната магија, дозволете ми од сè срце да Ви го честитам Божиќ – празникот на радоста, надежта и љубовта!

Овој свет ден нека донесе топлина во Вашите домови, спокојство во срцата и заедништво меѓу сите нас.

Божиќ е време кога се потсетуваме на вистинските вредности – почит, солидарност и заеднички стремеж за подобро утре.

Нека овој празник биде инспирација за сите нас, да градиме подобра иднина со хуманост, разбирање и единство.

Среќен Божиќ!”