Министерот Филипче утре на граничниот премин Табановце ќе ја прими втората пратка вакцини од Србија

Сподели
 
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утре на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер.
 
Настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, каде се предвидени изјави за медиумите.