Министерот за образование во Франција ќе забрани мобилни телефони во училиштата

Сподели

Франција од следната година на основците и средношколците ќе им забрани користење мобилни телефони на училиште, најави министерот за образование Жан Мишел Бланкер, пренесува МИА.

Забраната, како што е најавено, ќе стапи на сила на 3. септември 2018 година.

Бленкер прецизираше дека учениците ќе можат да носат мобилни на училиште, но нема да бидат кај нив, туку во плакарчињата. Тој додаде дека телефоните може да им бидат достапни во итни ситуации или за наставни цели.

Францускиот синдикат на наставници смета дека ќе биде „исклучително тешко“ да се примени таа мерка.