Министерство за здравсто со заострени превентивни мерки

Сподели

 

 

Од 9те пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, шест се во стабилна состојба. Кај тројца од нив има лесно влошување на состојбата, што значи дека имаат нешто поотежнато дишење, се уште не е потребна респираторна поддршка, меѓутоа се интензивира терапијата. Тројцата пациенти се во повозрасна категорија – сите тројца се во над 65/66 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, утрово е јавен еден пациент којшто на 7ми март дошол здрав од Германија, заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника. Ги очекуваме резултатите, земен е материјал. Јавноста ќе биде известена за неговиот резултат и резултатите на сите оние кои беа во изoлација во врска со првата, а на кои што им истече 14 дневниот период на изолација.

Вчера беше назначена нова директорка на Клиниката за дерматоневерологија. Сите колеги, лекари, пациенти коишто беа во контакт со претходната директорка – имаат контакт со епидемиолозите и во моментов нема од нив никој знаци на заболување.

Утрово на редовниот состанок на комисијата за заразни болести, на Комитетот за пратење на состојбите, разгледавме и низа на дополнителни мерки со оглед на тоа што се соочивме со некои ситуации кои произлегоа од досега пропишаните мерки на Владата, препораки и забрани. Морам да кажам дека имавме и разговори вчера и со колеги од Италија, коишто укажаа на тоа дека во одредени делови во земјата, пред се во северните делови таму каде што епидемијата започна, дури после воведувањето на најригорозните мерки повеќе нема регистрирано нови случаи.

Во текот на вчерашниот ден, побарав од претседателот на Владата да свика уште една седница за да се разгледаат следните предлози на Комисијата за заразни болести. Прво, забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар ипол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравстевни установи се откажуваат сите хронични пациенти чија што интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите.

Една дополнителна мерка е продолжување на терапијата на хронични пациенти за коишто досега требаше да одат на лекар специјалист. Од следните денови ќе може да го прават и на матичниот лекар, за што Фондот за здравствено осигурување ќе направи измена во правилникот. Ова нема да може да важи за новодијагностицираните пациенти. Тие сепак се уште и во овој период за таа терапија ќе мора да одат на лекар специјалист. Претседателот на Владата разговараше со претставници на верските заедници за строго придржување до мерките.

Благодарност до волонтерите на Црвениот крст, кои се силна поддршка на сите наши тимови, онаму кадешто побаравме – кадешто има капацитет излегоа во пресрет. Благодарност до апликацијата Мој Воздух, којашто од денеска ги споделува сите активности и иницијативи што ги преземаме. Дозволете согласно прашањата коишто стигнаа и по јавните мрежи и до Министерството за здравство да дадам коментар на уште две работи. Првата е, имаше информација дека се створила паника во Дебар – после проверката заклучивме дека тоа не е точно, градот нормално функционира, но со оглед на тоа што е единственото место кај нас кадешто има кластер на пациенти меѓукои има локална трансмисија, појачан тим од епидемиолози и инфектолози денеска и во текот на утрешниот ден ќе направат подетална епидемиолошка анализа на целото тоа подрачје.

Во однос на мерките за пуштање на работниците дома, обврските ги презема компанијата, кадешто работат за овие 14 дена. Сите овие мерки важат до 24.03. 2020 година, изјави министерот Филипче на денешната прес-конференција.