„До доцна во ноќта имавме слика од ученик, потопен во криминал и блед како крпа. Заев сака да може тој да контролира, да заташкува случаи. Тој водеше битка за бегање од одговорност на својата фамилија и соработници. Да не се стигне нити до Кирацовски, нити до Ременски. Затоа Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови. Таа контрола му треба за да не одговара за „Рекет“, а богами и за „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ и сите останати случаи. Предметите од СЈО да ги пренесат во Јавно обвинителство. Вака Заев си купи уште некој месец мир, но одговорност ќе има“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев дал предлог за формирање Јавно обвинителство за висока корупција, кое би било на исто ниво со Обвинителството на Рускоска, а обвинителот треба да биде на предлог на најголемата опозициска партија, во случајот ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на изјавата на Заев денеска дека „Рекет“ води до Мицкоски, тој рече дека „нема да тужи, но дека ќе предупреди дека неговото име го нема, но има имиња на луѓе од власта.“
Изјави, Христијан Мицкоски