МНР Османи: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е возвратна политичка одлука

Сподели

 

 

Министерството за надворешни работи смета дека протерувањето на македонски дипломат од Москва е неоснован потег и дека станува збор за политичка одмазда која негативно ќе влијае на односите меѓу двете земји.

„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, велат од МНР.

Оливера Чаушевска- Димовска, вработена во македонската амбасада, денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија каде што ѝ била врачена Нота за прогласување на персона нон грата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат. Според Османи, ова ќе влијае негативно на односите меѓу Македонија и Русија.

-“Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација”, напиша Османи на Твитер.