МНР: Постапуваме согласно законските надлежности по објавата на Груевски дека бара азил во Унгарија

Сподели

 

Министерството за надворешни работи на Р. македонија излезе со соопштение по објавениот фејсбук статус на екс премиерот Никола Груевски, дека тој е во Будимпешта.

-Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана, стои во соопштението од МНР.