МНТ ја најавува премиерата на „Дух“

Сподели

Во 24 април, Македонскиот народен театар ќе ја изведе премиерата „Дух“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Ова е првата премиера од Годишната програма на МНТ, финансирана од Министерството за култура.

Гораст Цветковски ја толкува главната улога – Александар Мара или Духот, а покрај него играат Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски. Сценограф е Велимир Жерновски, костимограф Лидија Георгиевска, а музиката е на Надежда Рубин, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.
Режисерот Јаниќијевиќ вели дека секој човек кој ќе дојде да ја гледа оваа претстава ќе ја почувствува болката, ќе се препознае и ќе сака да стане дел од решението на проблемот со кој живееме.
„-Сите чувствуваме една суштинска неправда и не гледаме излез наскоро“, изјави Јаниќијевиќ.