„Молитви на моето тело“ во НОБ – 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

Сподели

 

„МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО“ (реприза) – балетска претстава по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, НУ Национална опера и балет, 22 декември, 20 часот
 
„Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.
 
Балетската премиера „Молитви на моето тело “ е триптих составен од три кореографски едночинки и тоа: Прва едночинка: Ивана Коцевска на музика на Дарија Андовска, Втор едночинка: Адријана Данчевска на музика на Александар Гроздановски Трета едночинка: Саша Евтимова на музика на Александар Пејовски
 
Балетска претстава “Молитиви на моето тело“ е театарска актуализација на истоимениот поетски циклус на Ацо Шопов, објавен 1963 година во збирката „Небиднина“ (можеби најдобра/најкомпактна во авторовиот опус). Наспроти шестдецениската дистанца, денешниот прочит на песните од овој антологиски циклус – интимистички по својата импостација, ама и радикален по своите поетски интенции, поточно: по полемичниот однос кон своето време – упатува на речиси истите неспогодби кои ги споделуваме денес: идентитетски, емоционални, егзистенцијални…
Шопов, еден од првоборците во војната 1941-1944, која ја создаде македонската држава, дваесеттина години по таа историска победа критички ја анализира и ја поетизира судбината на своите младешки идеали. Истото го прават и генерациите на македонските уметници, собрани во овој проект триесет години по осамостојување на Македонија.
Балетската претстава “Молитви за моето тело“ ја следи не само поетската, туку и радикално полемичната нишка „впишана“ во песните на Шопов. Овој пат читани од шестдецениската метакритичка дистанца која суштествено го актуализира нивниот „вечен“ ангажман.
 
Главен мотив: Дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, науката, спортот и други истакнати личности кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле во создавањето или зачувувањето на културното наследство претставуваат теми за инспирација.