Претседателот на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов, изјави дека сите гласачки места во земјава се отворени навремено и без проблеми.
Според информациите на МОСТ, во гласачко место во село Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.
Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи.