МРТ ќе плати над 400 илјади евра за услуги од авторска агенција

Сподели

За подготовка на авторски договори, договори за дело, договори за хонорарно ангажирање, обезбедување авторизации за објавување дела, трансфер на средства на автори и носители на авторско право во странство и обратно и други услуги од авторска агенција, Македонската радио-телевизија планира да потроши 25 милиони евра или речиси 406 илјади евра без вклучен ДДВ. Набавката на услугата, меѓу другото, предвидува и подготовка на договори за издавање фактури за исплата на авторски хонорари, пренесува Макфакс.

Објавен е оглас со спроведување отворена постапка и електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки. Во тендерската документација пишува дека процентот на провизија за авторската агенција ќе се однесува на нето-авторскиот, односно консултантски хонорар.

МРТ го задржува правото да не ја искористи целата проценета вредност од договорот за јавна набвка. Во зависност од работниот процес во јавниот радиодифузер авторските договори ќе се изработуваат по потреба.