МТСП: Забрана за верско и политичко организирање и дејствување на децата во градинките

Сподели

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со допис ги предупредило детските градинки дека со закон е забрането верското или политичкото организирање и дејствување на децата во градинките.

Според Законот за заштита на децата, доколку се инволвираат деца од овие јавни установи, предвидена е глоба од  1.000 евра во денарска противвредност, велат од Министерството.