Мултимедијална и мултикултурна манифестација „Звуците на Чаршијата”

Сподели

 

Мултимедијалната и мултикултурната манифестација „Звуците на Чаршијата“ ќе се одржи по 13 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.

Манифестацијата почнува на 16 септември (понеделник) во 14 часот на плоштадот Скендербег со настанот „Старата скопска чаршија во делата од литературните творци“.

Во 18 часот на Камениот мост ќе биде поставена изложба на фотографии на чаршијата, дела на Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров. Во 17 часот на плоштадот Скендербег ќе настапат културно-уметничките друштва „Илирида“, „Студио фолклор“, „Јени Јол“ од Скопје и „Шамикуќет“ од Урошевац. Потоа од 19 часот ќе настапи „Емин Салихи бенд“ во состав: Хана Палоши, Филонид Алиу, Доника Домазети. Во 19 часот во КИЦ – Скoпje изложба ќе има „З.У.К. Силиндарт“, а во 20 часот на плоштадот Скендербег со солистички изведба ќе се претстави гитаристот Артан Кастрати. Во 20 часот на истото место е балетската изведба на претставата „Сон“, а во 21, 20 часот ќе насрапи „Кода бенд“.

 

 

Во 21 часот во паркот на Скопското кале ќе се одржи кино под отворено небо со проекција на филмот „Враќање“ на Кастриот Абдули.

Фестивалот е првиот чекор што град Скопје го направи во 2006 година како иницијатива за заживување на чаршијата. Изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на чаршијата, пак, придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат граѓани од сите националности – вели директорката на Културно информативниот центар, Сермине Пурини.