МВР: 618 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.06.2020 година) на територијата на државава,  651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци.