СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.М.(24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.04.2025, пријавениот на социјална мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина кон неговата поранешна девојка.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(52) и А.И.(27), двете од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.04.2025 во двор од куќа на С.П., по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале С.П. и Ј.Д., двете од Кичево, при што употребиле и тврди предмети.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.08.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(20), против правното лице од Штип и управителот М.П.(23), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“. На 02.05.2025 во угостителски објект во Штип, првопријавениот овозможил на малолетник да консумира алкохол.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ц.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност “. На 02.04.2025 во Штип, Л.С. била нападната од куче, сопственост на пријавената, при што се здобила со повреди.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(47) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста “. На 12.04.2025 во Полициска станица Штип, пријавениот упатувал закани на полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
На 19.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Ј.(34), С.Д.(21) и Е.А.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана и еден нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 19.05.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Македонско – косовска бригада“, бул.„Словенија“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(29) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 19.05.2025 околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од регионален пат Скопје – Велес, во нас.Нова Колонија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(55) од с.Идризово, скопско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 19.05.2025 во 18.50 часот во с.Бањани, општина Чучер Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(43) од с.Блаце, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. При извршен преглед на товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се огревни дрва, кои биле со различна количина од количината наведена во приложената испратница. Возилото и дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.С.(32) од кичевското село Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 17.05.2025 во близина на полициската станица во Кичево, тој го нападнал А.А.(28) од кичевското село Туин и го испрскал со спреј по лицето, а потоа нападнал и полициски службеници.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.А.М.(60) од струшкото село Калишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ изнуда“. На 02.04.2025, тој влегол во домот на Џ.Ќ. од селото Франгово и барал да му бидат дадени пари што наводно му ги должел член на неговото семејство, по што физички го нападнал.
На 20.05.2025 во 00.25 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул.„Леринска” во Битола се опожарени патничко возило „тојота рав 4“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило „фолксваген пасат “ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и патничко возило „дачиа логан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.05.2025 во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 19.05.2025 во 21.37 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21.00 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир во Скопје, две лица со закана од огнено оружје кон вработениот одзеле чанта со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.05.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, женско лице со дете во рака влегло во објектот и питачело. Вработените побарале да го напушти објектот, по што таа со остар предмет им упатувала закани, а откако ѝ бил одземен предметот, го напуштила објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.05.2025) во 05.04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на А.С.(74). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
На 19.05.2025 во 15.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Центар во Скопје е пронајден починат Т.Ј.(66) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 19.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.05.2025 била физички нападната од нејзиниот партнер К.С.(33). По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.05.2025 во 09.05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на 08.05.2025 околу 18.10 часот во ходник од средно училиште на подрачјето на Центар, каде е вработена, била физички нападната од четворица малолетници – ученици во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.05.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Т.А.(35) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од две машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.05.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, одземени се разни предмети и ѕвоно од камбанаријата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје, Г.К.(46) од Скопје пријавил дека за време на час во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, која употребила и тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (20.05.2025) во 10.00 часот во СВР Скопје, од црква на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 18.05.2025 во периодот од 17.00 до 17.45 часот со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во кругот на црквата е одземен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
