Во текот на вчерашниот ден (31.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 743 возачи.
Од нив 72 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 25 возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 395 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 348 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.