МЗ: Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.

Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите.

Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија.

Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди.

Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.