На отворањето на 16. Европско првенство во ракомет на фудбалскиот стадион во Диселдорф беа присутни рекордни 53.586 гледачи.
Македонската ракометна репрезентација вчера ја имаше честа да игра на најпосетуваниот натпревар во историјата на овој спорт, „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Нашата репрезентација изгуби од Франција со 29:39 на првиот натпревар на првенството.
Најефикасен во составот на Македонија беше Жарко Пешевски со седум голови, Џонов постигна шест, Кузмановски четири, Талески, Лазаревски и Митев по три. Митревски го заврши мечот со девет одбрани. Во составот на Франција Иго Деска имаше седум од седум, Наи даде шест, а Мем пет.
(фототграфиите се преземени од ФБ страната на Македонската ракометна федерација)