Граѓанската коалиција “Одлучно за промени”, предводена од Зелената партија ДОМ и ЛДП вечерва имаше собир на граѓани на општина Кисела Вода, пред кои беше претставена кандидатката за градоначалник, Ѓулистана Марковска, која што вети подобри услови за живот во општината и нова визија за развој на општина Кисела Вода.
На собирот зборуваше и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, која истакна дека граѓаните се тие кои решаваат за својата иднина и дека треба да го дадат гладот за кандидатката Ѓулистана Марковска, која е потврден и признат борец за човекови права и за здрава животна средина.
Пред присутните граѓани на опптина Кисела Вода се промовира и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Арбен Бени Шакири и носителот на листата на советници, Јане Петковски.