Брзината на реагирање во услови на катастрофи е од клучно значење. Времето на реакција во вакви услови значи спас за многу лица и нивните имоти и опшествени добра. При тоа основна цел е што побрзо да се врати животот во нормала. Добро организирано опшество има поставено системи кои во вакви околности ја превземаат координацијата со сите опшествени субјекти. Во ваквите системи оординацијата е на ниво на воена заповед. Во некогашната СРМ постоеше организација која имаше наменска цел – заштита на населението во вакви и слични непогоди под име – Цивилна заштита. А денес кое тело е тоа – прашање за г. Груевски.
Овие неколку дена како и неколку години на назад, се покажа целата слабост на македонското опшество. Непостоењето на никаков систем за справување со вакви непогоди додатно ја усложни и влоши и онака хаотичната ситуација. Неколку дена семејствата не добиваат никаква помош. Се тече тотално хаотично . Се јавуваат доброволци да помогнат но нема кој да им даде опрема ни да ги усмери каде да се јават.
Одговорност МОРА да има, макар тоа да е само морален чин.
Време е политичкиот лидер на ДПМНЕ да сфати дека има граница на политичката и опшествената неодговорност. Слабостите во организирање на опшеството да се справи со вакви кризи сепак е нечија политичка одговорност, односно неспособност проблемите на време и организирано да се пречекаат. Во спротивно ваквите слики се почесто ќе ни се случуваат со се потешки последици. Оправдување нема. Неколку години на назад имаме постојано вакви кризи во разни подрачја на МКД и состојбите со нивото на организираност никако политичките субјекти да го подигнат на потребното ниво. На крај испаѓа дека во декември бевме изненадени од снегот и голомразицата па не успеавме соодветно да се организираме.
Вангел Чолаков – Фејсбук статус