Еден сребрен, три бронзени медали и пофалница освоија македонските млади математичари на 37. Балканската математичка олимпијада (БМО2020) која почна на 31 октомври, а завршува денеска. Домаќинот е Романија и нашата репрезентација се натпреваруваше со тимови од 17 земји. Никола Спировски (14) освои сребрен медал, Дамјан Давков (12), Алек Јармов (19) и Лука Грашкоски (18) освоија бронзи, Кристина Тасева (17) – пофалница. Во нашиот тим беше и ученикот Бојан Димовски (17).
Водач на макеоднската репрезентација беше Никола Велов, заменик-водач Борче Јошевски и обсерверот Мирко Петрушевки. Натпреварот го организираше Сојузот на математичарите на Македонија.