Наташа „Фигурела“, специјална гостинка во домот на светски познатиот дизајнер Philip Plain

Сподели

Убавата Наташа Петровска која долги години успешно го води студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“, а е основач и на брендот за убавина и нега „Natella Beauty“ деновиве беше специјална гостинка на ревијата на светски познатиот моден дизајнер Philip Plain. Ревијата беше во неговиот нов дом во Франција, а убавата Наташа со својата витка фигура и стајлинг го привлече вниманието на сите присутни и ги остави без здив гостите кои буквално не ги тргаа очите од нејзе.

Сексапилната Наташа за овaа пригода избрала да носи припиен фустан кој го потенцира нејзиното витко тело, а за косата се одлучила за природна и лежерна варијанта која совршено се вклопила во целокупниот стајлинг.

Дека сите очи биле вперени во нејзе, доказ се и фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи, а кои познатиот дизајнер ги реобјави на својот профил.

Покрај Наташа, на забавата присуствуваа голем број на светски познати инфлунсери, модели, селебрити фаци и дизајнери.

Инаку, Наташа наскоро ќе ја изненади македонската јавност со неколку нови производи од линијата на „Natella Beauty“, а во моментов се актуелни антицелулитниот термо гел, како и напитокот „Beauty Matrix“ кој е избор на сите дами, но и момци кои сакаат негуван изглед и чисто и здраво лице.