Овен
Односите со надредените се многу добри и сега е време да се направи најголем дел од ситуацијата за да ги подобрите условите на работа. Не ги потценувајте советите кои ќе добиете од колега и ослонете се претежно на тимската работа ако сакате да постигнете успех. Моментот е погоден да се согласувате со истомислениците, кои во иднина ќе ви бидат доста корисни на патот кон врвот.
Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искористете ги следните денови да им подарите на саканите незаборавни моменти. Добро е да помислите и за посериозно поврзување.
Бик
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажите од нешто, но внимавајте од што. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки.
Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот со него, а ако повеќе време не сте задоволни од врската ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.
Близнаци
Ќе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можете да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат. Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најмногу внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии.
Во приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани. Избегнувајте кавги со партнерот, бидете поискрени и само така ќе можете да ја зацврстите врската. Слободните ќе поставуаат високи критериуми кога избираат партнер. Можеби донекаде и сте во право. Семејството од вас ќе бара поголема присутност во домот.
Рак
Со малку повеќе упорност ќе успеете да се справите со обврските на работното место. Бидете уверени и не ја потценувајте помошта, која ќе ви биде понудена. Заедничка работа со професионалец може да ве инспирира за нови идеи и проекти кои ветуваат доста брзо да се стабилизира финансиската состојба.
Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемите кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканaта личност и не дозволувајте доминација и надмудрување.
Лав
Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Девица
Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Гледајте си ја вашата работа. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.
Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси.
Вага
Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе му се исполни некоја стара желба. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука од ваша страна да не предизвика непланирани трошоци.
Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетет се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но од него треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.
Скорпија
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат пари неочекувано.
И приватните односи ќе ви бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.
Стрелец
Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат објективни, од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите порблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Не ви е лесно, но ќе мора да бидете трпеливи. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.
Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни, но внимавајте вашето однесување да не ви ги расипе плановите.
Јарец
Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството од подобрената финансиска сотуација. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности. Искористете го периодот за учење.
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во втората декада особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Водолија
Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение. Кај некои Водолии постои можност за себепромовирање. Би било добро вашето внимание да го свртите кон нешто креативно, популарноста на тоа поле би била поголема.
Во љубовната врска во која се наоѓате владее слична состојба. Па, размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.
Риби
Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до големи финансиски загуби.
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.