Овен
Под голем притисок сте на работното место и од вас се очекува премногу. Одамна не сте се чувствувале вака. Бидете трпеливи, бидејќи наскоро ви доаѓа олеснување.
Во љубовта ви оди добро, дури и подобро одошто се надевавте. Само уште ги криете емоциите.
Добро ќе се чувствувате оваа седмица.
Бик
Вашата сила доаѓа до израз оваа седмица. Ќе бидете предводник на тимот и воопшто нема да имате лесна задача. Голема одговорност ви е дадена на оваа позиција.
Вашата врска ќе се соочи со осцилации и несогласувања, но работите брзо ќе се решат со разговор, на крајот на оваа недела.
Чувствувате замор.
Близнаци
Нова задача, нова работа и нови предизвици. Ова е недела за прилагодување на новите околности. Нема да ви биде лесно, но ќе успеете.
Без оглед на малата раздвоеност со личноста која ви се допаѓа, љубовта ќе цвета оваа недела.
Потребно е да вежбате повеќе.
Рак
Ја слушате својата интуиција кога станува збор за прилагодувањето и тоа е добро. Не ви се допаѓаат озборувањата на работа, но тие се дел од неа.
И понатаму сакате да сте сами и добро ви е засега.
Движете се повеќе.
Лав
Ви недостасуваат предизвиците кои ги имавте порано. Не можете да го потиснете натпреварувачкиот дух и желбата за напредувањ.
Уживате во љубовта. Љубомората ви прави мал проблем, пробајте да ја смирите.
Добро се чувствувате.
Девица
Сакате совршена работа, но совршенството не постои. Грешите овој пат, пропуштате многу важни прилики.
Во љубовта ви оди добро оваа недела. Ви годат заедничките активности и оние мали ситници кои партнерот ги прави за вас.
Намалете ги оброците.
Вага
Ве кочи вашата неодлучност, бидејќи имате големи планови за еден бизнис, но стоите во место. Одлучете се веќе еднаш.
Во вашиот живот влегува личност која ќе ја пробуди љубовта.
Добро се чувствувате.
Шкорпија
Не одбивајте работа, тоа може скапо да ве чини. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не размислувате за вашето слободно време.
Веќе подолго време сте сами, ама не и осамени. Сакате да се забавувате, само што сега поради работата имате помалку време за тоа.
Ви треба повеќе свеж воздух.
Стрелец
Некој ве вади од такт на работа и не можете да простите. Нерешените ситуации можат да бидат лоши за тимот.
Конечно доаѓа голема промена на полето на љубовта. Ова многу менува во вашиот живот.
Здравјето е добро.
Јарец
Финансиската ситуација е подобра одошто очекувавте. Давате се од себе за да го вратите стариот сјај и да заработите повеќе.
Партнерот ви дава разбирање токму сега кога ви е најпотребно.
Ве мачи несоница.
Водолија
Оваа недела ќе бидете мрзеливи, работата не ви е толку привлечна. Внимавајте.
На љубовно поле не ви се случува ништо интересно.
Се чувствувате добро.
Риби
Ја занемарувате сопствената кариера, но грешите.
Партнерот ве разбира и ви дава поддршка за сите работи.
Здравјето е одлично.