Нема излез од кризата без санкции за корумпираните функционери-Денко Малески

Сподели

largea_denko-maleski-printskrin1442046084

Независно од тоа што  договориле партии и што ставиле по последниот договор, државата нема да излезе од политика криза сè додека нема одговорност за злоупотребите што ги правеле високите функционери на владејачките партии, смета професорот Денко Малески.

– Факт е дека не може предолго да се држи државата во лимбо состојба и оттука е и потребата да се конститурира легитимна власт која ќе има компетенции да ја води домашната и меѓународна политика. Но, факт е и дека во суштинска смисла на зборот, нашата држава нема да излезе од криза додека не се разјаснат наводите за сериозна злоупотреба на власт од страна на врвни луѓе од владејачките партии. Сознанијата дека некој многу, многу профитирал лично, морално го разорува општеството и практично создава уште поголема армија на циници, кои со цинизам гледаат на изјавите на политичарите, луѓето од науката, од стопанството.

Ако досегашниот премиер, додава тој, зборува за проценти и поткуп, а тоа останува нерасчистено и уште постои намера повторно да учествува на изборите, тоа сигурно не е сериозен излез од криза.

– Останува да се види што сега ќе се случи до изборите, иако не очекувам многу, бидејќи не видов свест кај политичарите за создавање на одговорно општество, правна држава, не гледам таква волја.

Кризата ќе продолжи и после евентуални избори, ако пред изборите не се утврди вистината.