Владата на денешната седница го повика Јавното обвинителство проактивно да делува во рамките на своите надлежности и да постапи за вчерашниот случај на говор на омраза на Плоштадот.
Владата апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.
“На денешната владина седница, меѓу другото, дискутиравме и за последниот инцидент со говор на омраза предизвикан од навивачка група на плоштадот „Македонија“ во Скопје, при што Владата донесе заклучок со кој најостро се осудува навивачкото поведение со кое се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа.
Владата беше информирана дека МВР презема соодветни активности за расчистување на делото, за што соодветно ќе ја информира јавноста.
Го повикуваме Јавното обвинителство проактивно да делува во рамките на своите надлежности и да постапи за вчерашниот случај на говор на омраза на плоштадот.
Апелираме и до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.
Институциите не смеат да толерираат никакво поттикнување омраза и насилство по основа на расна, национална, полова, сексуална, верска или било каква друга припадност. Ние сме современо општество, еднакво општество на сите граѓани. Нашиот пат е напред, а не назад” – изјави премиерот Заев.