Номинации за Оскар: „Медена земја“ низ фотографии

Сподели

 

Американската филмска академија објави групна фотографија од сите номинирани за овогодишните филмски награди.

 

 

Меѓу стотината холивудски ѕвезди и славни имиња од светската филмска индустрија на фотографијата се наоѓа и дел од екипата на „Медена земја“, македонскиот филм кој е во трка за Оскар во две категории – најдобар странски филм и најдобар документарец.

 

 

На фотографијата можат да се забележат режисерите Тамара Котеска, која се наоѓа некаде во средината на фотографијата веднаш до Леонардо Ди Каприо и Роберт Дениро, и Љубомир Стефанов кој заедно со кинематографот Фејми Даут се наоѓаат на самиот десен крај на фотографијата.

 

 

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 10 февруари. „Медена земја“ стана прв докуметарен филм во историјата на оскарите кој ќе се натпреварува во две категории.

 

Фотографии од фб профил на Фејми Даут.